На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела

Полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато на македонско-албанската граница кај Дебар минатата година откриле повеќе кривични и прекршочни дела во споредба со претходната година.
-Во текот на 2025 година полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато открија 15 кривични и 32 прекршочни дела, што е за три, односно 16 дела повеќе во споредба со претходната година - изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид, за МИА.
Додаде дека станува збор за сторени кривични дела шверцување, фалсификување исправи и шверцување добиток, при што запленети се 29 грла крупен добиток при обид за шверцување преку државната граница, потоа давање поткуп, како и по други основи.
-Минатата година од слобода лишени се 22 лица, или 15 повеќе од 2024 година, а приведени биле 7 лица поради нелегален премин на македонско-албанската граница или пет лица помалку во споредда со претходната година - посочи Димоски.
Кога станува збор за сторителите лишени од слобода, тие се македонски и албански државјани.
МИА
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
