-->
-->
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал куршуми
-->
Полициски службеници од Регионалниот центар Запад, на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, лишиле од слобода албански државјанин, кај кого биле пронајдени куршуми.
- Вчера во 14.50 часот, на граничниот премин „Блато“, при влез во нашата држава, полициски службеници од регионалниот центар Запад, го лишија од слобода Х.Л.(46) од Република Албанија затоа што при гранична контрола кај него се пронајдени и одземени два куршуми, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Известен е јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Дебар за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт