На Голем Крчин и годинава ќе се отслужи божествена утринска литургија
Братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Побдоносец“ од дебарското село Рајчица и оваа година, на 18 август, ќе го организираат најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, што се наоѓа на надморска височина од 2.341 метри, каде ќе се отслужи божествена утринска литургија.
– Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива. Оваа година повторно, заради обезбедување на групата, ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од МАИВП или ФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот. Патеката е со средна тежина и искачувањето трае околу четири часа. Панирани се попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква. Пријавувањето за учество е задолжително, вели сестра Ефимија, додавајќи дека заинтересираните може да го пријават учеството на телефонскиот број 070 290 210.
Времето на собирање и поаѓање е во 2:30, односно 3:00 часот. Пристигнување на врвот е предвидено за во утринските часови. Место на собирање е пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот во изградба, посветен на Светите Кирил и Методиј. Враќањето е организирано со поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш по завршувањето на богослужбата.
– Ги замолуваме сите учесници да присуствуваат на заедничкиот манастирски ручек во Бигорскиот манастир, кој ќе биде послужен околу 13 чаот. Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки, додаваат од манастирот Бигорски.
Традицијата што ја почнаа монасите и монахињите пред четири години по повод големиот празник Преображение, станува еден од најомилените настани, што од година во година привлекува се поголем број верници.
Ново на Сител
-
Хамас: Пронајдовме тело на уште еден заложник, ќе го предадеме ако „дозволат условите“
-
Локални избори 2025, вести во 16:00 на Сител Телевизија
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
-
Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа
-
Излезноста до 15 часот на ниво на држава е 31,32%
-
Кац им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“
-
До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти