На фудбалот не му се потребни радикални промени
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рекол дека на фудбалот не му се потребни радикални промени, какви што неодамна предложи легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен. Холанѓанецот, кој ја извршува функцијата технички директор на Светската фудбалска федерација (ФИФА), излезе со неколку предлози, кои најголем број луѓе од фудбалската фела ги отфрлија.
„Таква револуција во фудбалот не ни е потребна, тој е фантастичен таков каков што е. Офсајдот е важен дел од играта. Знаете не дојдов на оваа позиција за луѓето да речат: „Чеферин го смени тоа и тоа, беше многу важен фактор“. Зошто да ја менуваме најубавата игра во светот? Слушајќи ги сите тие предлози јас само се надевам дека ФИФА ќе ни ја остави барем топката. Или барем таа да остане округла“, рекол Чеферин.
Претседателот на УЕФА одговорил и на прашањето за шутирање пенал „еден на еден“, односно играчот да тргнува од центарот кон голманот и сам да реши дали со шут ќе завршува или прво ќе го дрибла голманот.
„Мислам дека тоа е смешно, исто како и временската казна“.
Од моментот кога Џани Инфантино стана претседател на ФИФА веќе е направена една промена, Светското првенство од 2026 година ќе биде проширено на 48 репрезентации. Чеферин се надева дека Европа која има загарантирани 13 места на светските првенства, со проширувањето ќе добие уште три места.
„УЕФА е единствената конфедерација која не сакаше проширување на Мундијалите, но сами немавме шанси. Сега останува да се бориме да добиеме повеќе места. Најголемиот квалитет во моментов го имаат Европа и Јужна Америка и поради тоа бараме најмалку 16 места“, рекол Александар Чеферин.
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми