На електронско јавно наддавање продадени 13 градежни парцели во Гевгелија
Општина Гевгелија денеска по пат на електронско јавно наддавање продаде 13 од дваесетината огласени градежни парцели на три локации во градот, што претставува потврда дека се уште постои голем интерес за градење, соопштија надлежните од општината.
Десет од продадените парцели се наоѓаат во населбите „Караорман“ и „Моински пат“ и се наменети за изградба на индивидуални станбени куќи. Тие се продадени по цени од 71 до 1.650 денари од метар квадратен за најатрактивните парцели, велат од одделението за урбанизам на општина Гевгелија.
Покрај ова, урбанистите потврдија дека се продадени и три од понудените четири парцели наменети за изградба на објекти од лесната индустрија. Нивната локација се наоѓа во месноста „Сува река“ а постигнатите продажни цени на електронската аукција изнесуваат од 70 до 100 денари за метар кивадратен.
Ново на Сител
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград