На ДУТ во Тетово 12-ти меѓународен семинар по албанологија
Со свеченост во Ректоратот на Државниот универзитет во Тетово денеска свечено беше отворен 12 – тиот меѓународен семинар за албанологија.
Според организаторите на овогодинешниот семинар учествуваат околу 100 научници од повеќе области од Македонија, Албанија, Бугарија и Косово. Според проректорот за настава на ДУТ Решат Ќаили семинарот се организира во пресрет на почетокот на новата академска година 2018/2019, а по повод од 550 година од смртта на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег.
- Имајќи го предвид историското значење на 2018-та година поради овој јубилеј за сите Албанци, каде и да се тие, главна тема на 12-та едиција на Семинарот за албанологија е „Скендербег меѓу историјата и книжевноста“. Преку одделните научни сесии на семинарот ќе се евидентираат разните проблематики од областа на јазикот, книжевноста, историјата, етнокултурата и албанските медиуми. Овој научен собир на албанолози од земјата и пошироко, се обидува да ги собере специјалистите на овие области, за да ги презентираат нивните погледи во врска со разните проблематики со кои се соочува албанското општество, рече Ќаили.
Тој истакна дека очекува од учесниците на овој Семинар со нивните научни трудови да го збогатат фондот на албанолошките студии и проширување на нивните научни погледи преку модерни методолошки пристапи и нови резултати како вреден придонес за понатамошно унапредување на студиите од областа на албанологијата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија
-
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус
-
Стабилно и релативно топло време до среда
-
Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад - Белград
-
Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
-
Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко