-->
-->
На дисперзираните студии во Кавадарци слободни 220 места
-->
Двесте и дваесет места на студиските програми за лозарство, енологија, индустриска логистика, компјутерско инженерство и технологија и компјутерски науки се слободни за идните студенти на дисперзираните студии кои Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ги има во Кавадарци.
Според објавениот конкурс за упис на нови бруцоши, најмногу слободни места (60) има за студиската програма индустриска логистика, од кои 40 се во редовни во државната квота, 10 за редовни со кофинансирање и 10 за вонредни студенти.
На земјоделскиот факултет слободни се 100 места, од кои 50 за студиската програмата енологија и 50 за лозарство. Во двете студиски програми 30 студенти ќе бидат примени во редовната државна квота, 10 со кофинансирање и 10 вонредни.
За студиската програма компјутерско инженерство и технологија слободни се 35 места, а за компјутерски науки 25 места.
Првиот уписен рок трае од 12-ти до 14 август, а право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија