На денот на клучниот референдум Британија зафатена од поројни дождови

Повеќе делови на Велика Британија денеска се зафатени со поројни дождови и силен ветер, што според аналитичарите би можело да има клучно влијание врз одѕивот на гласачите на денешниот референдум на кој Британците решаваат за останување или истапување на нивната држава од ЕУ.
Поројните дождови се најобилни во југоисточниот дел на Велика Британија и во реонот на Лондон.
Лондонската противпожарна служба соопшти дека од утрово примила стотина повици за инциденти поврзани со невремето, вклучително и за појава на поплави и удари на громови.
Британските медиуми наведуваат дека одѕивот на гласачите ќе биде од клучно значење за резултатите од референдумот, бидејќи анкетите укажуваат дека процентот на приврзаниците и противниците не Брегзит е речиси изедначен, па ваквите временски услови би можеле да им одат во прилог на поддржувачите на идејата за останување на Велика Британија во ЕУ.
Од утрово во 7 часот по локлано време (8 часот по средноевропско време) ширум Велика Британија се отворени гласачките места на кои Британците ќе одговорат на прашањето: „Дали Обединетото Кралство треба да оостане членка на Европската унија или треба да ја напушти Европската унија“.
Гласачките места ќе останат отворени до 22 часот по локално време, а првите резултати се очекуваат утре изутрина.
Ново на Сител
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
