Фудбал
16. October 2015 - 11:15

На денешен ден пред 11 години дебитираше Меси

На денешен ден , 16. октомври 2004 година еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Лионел Меси ги одигра првите 8 минути во дресот на Барселона. 

Беше тоа деби на дуелот со градскиот ривал Еспањол благодарение на Франк Рајкард кој имаше чувство да му даде шанса на талентираниот 17-годишен Аргентинец. 
Од тогаш започнува брилијантната кариера на играчот за кој се верува дека ќе биде прогласен за најдобар играч во историјата на Шпанската лига во која освои 7 титули, 3 купа и 6 национални суперкупа. 
На меѓународната сцена Меси освои 4 титули во ЛШ, три УЕФА суперкупа и 2 светски клубски титули. Со Аргентина освои вицешампионска титула. 
11 години по дебито се поставува прашањето ќе ја напушти ли некогаш Аргентинецот Барселона?????