Свет
9. December 2015 - 13:02

На „црвениот“ антиекстремистички телефон во Виена регистрирани над 900 повици

На телефонската линија за пријавување на екстремизам во Виена, што ја пред една година ја покрена австриското Министерство за семејни прашања, досега се регистрирани 900 повици. 

Бројот на повици значително пораснал по терористичкиот напад во Париз.

Во „Советувалиштето за екстремизам“ телефонот во првата година од неговото постоење заѕвонил 939 пати. 

Во седмицата по нападите во Париз во ноември пристигнале 42 повици - повеќе од двојно на годишниот просек. 

Секогаш кога тероризмот бил застапен како тема во медиумите, забележани се повеќе повици и поголем страв меѓу луѓето. 

Советувалиштето, според австриското Министерство за семејство и млади, е замислено како место каде граѓаните ќе можат да пријават најблиски членови на семејството, пријатели или познаници, кај кои можат да забележат тенденци за екстремизам. 

Сите советувања се бесплатни и анонимни. Вработените во центарот зборуваат германски, англиски, арапски и турски јазик.

Кај најголем број од повиците се работело за религиозно заснован екстремизам, но и голем број повици биле за десниот екстремизам кој зајакна поради бегалската криза. 

Речиси една четвртина од повиците е од членови на семејствата или пријатели, една четвртина од наставниците, социјалните работници и вработените во австриската Агенција за вработување, соопшти Контакт бирото од Виена.