На Бугарија и се потребни 2,7 милиони евра за да го затвори прашањето со старите реактори
Бугарија има потреба од 2,7 милијарди евра, планирајќи целосно да го затвори прашањето со старите советски реактори во нуклеарката „Козлодуј“, пишува во денеска објавениот извештај на Европскиот ревизорски суд.
Од наведената сума, 348 милиони евра се обезбедени од државата.
Судот порачува, од 2020 година програмата за затворање на старите советски реактори во Бугарија, Словачка и Литванија да биде прекината. Според судот, по 2020 година може да биде обезбедено финансирање од ЕУ, но само при јасно утврден рок и планирање на неопходните дејности.
Досега ЕУ обезбеди средства за уништување на осум реактори, од кои четири беа во функција во „Козлодуј“.
До 2020 година ЕУ одвоила 3,8 милијарди евра за потребните дејности во трите држава. Европскиот ревизорски суд прогнозира дека тие дејности ќе изнесуваат вкупно 5,7 милијарди евра. Оваа сума двојно би се зголемила доколку се земат предвид трошоците за чување на старото гориво.
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот