На „Бехтел и Енка“ пред извесен период им е исплатен аванс за подготвителните работи околу Коридорите 8 и 10д
Премиерот Димитар Ковечевски денеска соопшти дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ пред извесен период му е исплатен аванс за подготвителните работи околу коридорите 8 и 10д, но точната сума, како што рече, може да се побара во ЈП за државни патишта.
Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски потврди и дека е почната работата на коридорите, односно дека се во тек геомеханичките истражувања.
- За коридорите, да, почната е работата. Тој договор е веќе потпишан и според него, прво почнуваат геомеханички истражувања кои се веќе почнати, почнува фаза на проектирање зашто се работи за проектирање и изградба. Тие веќе работат согласно процедурите и имаат договор што е валиден, исплатен е аванс, точната сума може да ви ја дадат во ЈП за државни патишта, кој е пефрлен на „Бехтел и Енка“ и тоа е направено пред извесен период, согласно извршувањето на подготвителните работи за почеток на изградба на проектот зашто има проектрирање, геомеханички истражувања и потоа изведба на проектот, рече Ковачевски по настанот на кој се одбележа јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.
Ново на Сител
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство