На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи, јави дописничката на МИА од Атина.
Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).
МИА
Ново на Сител
-

Минчев: Како коалиција сме во завршна фаза на нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници
-

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне
-

Шест и пол тони Кокаин заплени на брод кај Канарските Острови
-

Нетанјаху: Израел ќе одреди кои странски војници ќе учествуваат во меѓународните сили во Газа
-

КБК Шампион прогласен за најдобар во рингот на Балканскиот куп во Тешањ - БиХ
-

Македонските кикбоксери со 20 медали од Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ - Босна и Херцеговина
-

Силекс дојде до нова победа и ја продлабочи кризата на Пелистер
-

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари
