На „Ало докторе“ за една недела 1.331 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 8 февруари до вчера) имало 1.331 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.
Од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија „Ало докторе“, досега, имало 77.007 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за сезонски настинки, зголемен крвен притисок, симптомна болка, зголемена телесна температура и кашлици од променливото време.
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“