На „Ало докторе“ 1.292 јавувања за седум дена
За една недела 1.292 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“. Од 15 септември 2014 година до вчера на 02/15 123 се јавиле вкупно 85.213 граѓани.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори вкупно се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-
Вработените во JCП повторно останаа без плата – Најави за блокади на раскрсници во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители