На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
На аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон синоќа бил избегнат судир меѓу авион на Военото воздухопловство на САД и патнички авион, јавија дел од американските медиуми повикувајќи се на соопштение од Федералната управа за цивилна авијација.
Авион од типот „Ербас“ A319 полетал од аеродромот „Роналд Реаган“ кон Минеаполис. Истовремено, четири млазни авиони Нортроп T-38 „Телон“ на Военото воздухопловство на САД на САД се наоѓале во истиот регион и правеле демонстративен прелет над Националните гробишта Арлингтон.
-Летот на „Делта“ добил предупредување дека во близина има друг авион, а контролата на летање дала корективни инструкции на двата авиона, наведуваат од Управата.
Не се прецизира колку блиску се доближиле авионите, но се истакнува дека двете летала продолжиле со лет без инциденти.
Медиумите потсетуваат на трагичната авионска несреќа што се случи при крајот на јануари годинава кога во близина на истиот аеродромот се судрија и се урнаа во реката Потомак патнички авион и воен хеликоптер, при што загинаа 67 лица. Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, а хеликоптерот бил управуван од тројца. Оваа авионска несреќа е најтешка во САД во последните 15 години.
Ново на Сител
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот