-->
-->
На 4 декември во Италија референдум за уставните реформи
-->
Италијанската Влада објави дека на 4 декември ќе биде одржан референдум за уставните реформи, кои според оценките на аналитичарите би можел да ја одреди политичката судбина на премиерот Матео Ренци.
Предложените реформи, за кои се смета дека се најважни во Италија од Втората светска војна треба да ја подобрат ефикасноста на Парламентот и изборниот систем со цел да се воспостави политичка стабилност во земјата, пренесува БТА.
Ренци смета дека реформите би ја донеле потребната политичка стабилност и повеќе пати рече дека ќе поднесе оставка доколку граѓаните го отфрлат предлогот, со кој е предвидено намалување на моќта на Горниот дом на Парламентот, како и намалување на бројот на пратениците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори