На 19 години бил најхрaбриот гардиста на Аркановите Тигри: Организирал лов на неговите убијци а подземјето уште стравува од него
Криминалното досие на Лука Бојовиќ на сите им е познато, како и тоа дека бил припадник на Аркановата паравоена формација Тигри. Поранешниот лидер на навивачите на Ѕвезда учествувал во војните во Босна и Хрватска, но малку кој знае дека таму се докажал како еден од најхрабрите и најлојалните гардисти. Всушност ова пред неколку години го открил Раде Раконјац, кумот на Жељко Ражнатовиќ и голем пријател на Лука Бојовиќ, кој во 2014. година убиен е со пет куршуми од автоматска пушка во Белград.
Во интервјуто кое го дал, Раконјац открил на кој начин Бојовиќ ја докажал приврзаноста кон својот командант, поради која најверојатно со само 19 години од Аркан добил чин на потпоручник на Српската доброволна гарда.
- Лука на 19 години стана потпоручник на Српската доброволна гарда. Тогаш се војува и на територијата на Хрватска и на Босна, а Српската доброволна гарда е признаена српска единица која, иако не е формална на хартија е признаена. Кога кај командант Аркан доаѓа генералот на полицијата и генералот на војската и бараат помош од 10 или 150 луѓе, јасно е дека тоа е формална српска единица - рекол Раконјац во емисијата Гол живот.
- Во тој момент Лука Бојовиќ е најмладиот српски офицер, и во таква една единица со толку малку години добива чин - додал тој.
На прашање кој бил најхрабриот гардист во единицата на Аркан, без размислување одговорил.
- Најхрабриот гардист беше Лука и најголем Србин од сите нас во Српската доброволна гарда. Тој беше гардиста каде и да се одеше во која влогот беше главата. Беше на Косово во времето на НАТО бомбардирањето. Бевме околу 40-тина таму повеќе од два месеци - се присетува Раконјац.
Неговата лојалност кон командантот сепак остана будна. Ќе го покаже тоа и година дена подоцна, кога на своја рака организира лов на убијците и оние кои ги сметал за организатори на атентатот на Аркан.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп