-->
-->
На 17 години била силувана и одбила да абортира: Родила син кој денес е светска ѕвезда!
-->

Овие детали од животот на пејачот сигурно не сте ги знаеле. На неговата мајка воопшто не ѝ било лесно, но успеала, и денес е горда на својот син.
Имено, станува збор за Џастин Бибер, кој денес има 23 години, од тинејџ-ѕвезда прераснал во докажан професионалец.

Меѓутоа, сето тоа немало да се случи доколку неговата мајка, Пети Малет, на 17 години не ја донела вистинската одлука и одбила да абортира.
Пети пред бременоста доживеала сексуално злоставување и сите последици кои истото ги носи. Чувствувала срам, лична вина поради тоа што се случило, се обидела и да се самоубие. Тоа било кулминација на година на патење, дрогирање, алкохолизирање. Сето тоа Пети го преточила и во книга, која седум дена по објавувањето станала бестселер. Сакала со нејзиното искуство да им помогне на другите.

На 17 години била бремена со Џастин. Ја охрабрувале да абортира, но, вели Мелет, тоа за неа било неприфатлива опција. "Едноставно, знаев дека не можам. Знаев дека треба да го задржам. И да го дадам најдоброто од себе".
Вели, кога прв пат го слушнала својот син како плаче, тоа било музика за нејзините уши. Џастин и тогаш звучел како да пее.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шecт aртилeриски гранати од Првата cвeтскa војнa во Гевгелискo
