На 16-месечната Анастасија лекарите од една скопска болница ѝ извадија тумор од два килограми
На шеснаесетмесечната Анастасија лекарите од една скопска болница и извадија тумор тежок два килограми.
На Анастасија на 7 месеци ѝ бил дијагностициран тумор во стомакот. Стомакот почнал да се зголемува, а дишењето станувало сè потешко и потешко. Малото бебе често повраќало и барало постојано да биде во рацете на мама и тато. Само така успевала да се смири за момент, сè дури не започнела следната епизода на болка.
Малото и кревко бебе било оперирано веднаш по дијагнозата и ѝ бил отстранет туморот. Но проблемите не завршиле тука. Дел од туморот останал во стомакот и продолжил да прави дополнителни проблеми. По 4 хемотерапии, туморот почнал повторно да расте, а докторите кренале раце од Анастасија. Избезумените родители биле подготвени да направат сè за своето чедо. Барале спас секаде. За нивна среќа, велат, судбината ги довела кај д-р Ристо Симеонов во една скопска болница.
- Во претходната операција не беше отстранет целиот тумор и тој продолжил да расте многу интензивно. Од малото кревко тело на пациентчето извадив два килограми туморска маса. Туморот притискаше на дијафрагмата и вена кава, а Анастасија имаше отежнато дишење, и ако не се направеше интервенцијата веднаш, исходот ќе беше летален. Кај овој тип малигнен тумор нема потреба од хемотерапија ако се направи целосно отстранување. Туморот правеше голем притисок во левиот бубрег и слезинката, и бидејќи беа зафатени и овие делови, мораше да се отстранат и тие. Препораките се редовни контроли со ехо. По еден месец од интервенцијата, ехонаодот е уреден, а девојчето продолжи со нормален живот. Овие тумори се ретки и многу ризични бидејќи ако има потреба од хемотерапија, колку што е сериозна операцијата, толку е сериозна и хемотерапијата. Туморот треба добро да реагира на хемотерапијата, а и детето добро да ја поднесе истата, објасни д-р Симеонов.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, иако постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија
-
УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
-
Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
-
Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши
-
Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
-
Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“