Македонија
29. December 2018 - 20:35

МЗЗПР: Во 2017 година во Македонија се пријавени 158 несреќи на работните места

Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедни услови за работа во Република Македонија е УСТАВНА категорија.

Терминот БЗР - „Безбедност и здравје при работа“ не се означува само заштитата на вработениот од физички повреди и професионални заболувања, туку и заштита на неговата психичка личност.

Целта на македонскиот Закон за БЗР е да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

Во 2017 година во Македонија се пријавени 158 несреќи на работните места, од кои 24 се смртни случаи.

Во ЕУ годишно во просек има околу 3 милиони несреќи од кои 4.000 смертни случаи на работните места.

Клучна пресвртница во подобрувањето на безбедноста и здравјето при работа претставува  воведувањето на Европската Рамковна директива за безбедност и здравје при работа (Директива 89/391 ЕЕЗ), усвоена во 1989 година.

Рамковната директива, со својот широк опсег на примена, и понатамошните директиви фокусирани на специфични аспекти на безбедноста и здравјето при работа се основите на европското законодавство за безбедност и здравје.

Директивата е правен акт предвиден во Договорот за ЕУ. Таа е обврзувачка во целост и ги обврзува земјите-членки да го транспонираат во националниот закон во определен рок.

Европската агенција за безбедност и  здравје при работа (EU-OSHA) придонесува Европа да стане побезбедно, поздраво и попродуктивно место за работа. EU-OSHA промовира култура на превенција на ризици за подобрување на условите за работа во Европа.

Формирана од Европската унија во 1994 година, со седиште во Билбао, Шпанија, Агенцијата истражува, развива и доставува веродостојни информации за безбедноста и здравјето, поврзувајќи се во една мрежа со организациите ширум Европа.

Активностите кои ги презема EU-OSHA се насочени кон кампањи за подигнување на свеста за БЗР, превенција од ризици, градење партнерства и истражувања во сферата на БЗР.

EU OSHA постојано воведува нови мерки и спроведува различни кампањи.

Mакедонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) е focal point на EU-OSHA и традиционално се приклучува кон промовирање на овие кампањи.

Овогодинешната кампања во рамките на Европска недела за безбедност и здравје при работа (22-26 Октомври 2018 годинабеше со наслов „Управување со опасни супстанци“.

Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР)