МЗТ Скопје убедливо поразен од Слобода Ужице во АБА 2
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром доживеаја убедлив пораз попладнево од Слобода Ужице од 81:67, во вториот натпревар на турнирот во Бања Лука во рамки на АБА 2 лигата.
Македонскиот првак добро го отвори натпреварот и на средина од првата четвртина имаше осум поени предност (18:10) што противникот постепено ја анулираше за израмнети 37:37 на полувреме.
Српскиот тим го отвори второто полувреме со серија од 10:3, искористувајќи го падот во играта на МЗТ Скопје за двоцифрена предност (62:49) на крајот од третата четвртина.
Последниот период од натпреварот не донесе резултатска промена за на крајот убедлив пораз од 14 поени разлика за МЗТ Скопје Аеродром.
Најефикасни во редовите на скопскиот тим беа Гравет (24 поени) и Олуџоби (19).
По шест одиграни натпревари во регионалната АБА 2 лига, кошаркарите на македонскиот првак имаат ефект од четири победи и два порази. Последниот меч на турнирот во Бања Лука тимот на Ѓорѓи Кочов ќе го одигра в недела од 21 часот против лидерот на табелата Студентски центар од Подгорица.
Ново на Сител
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури
-
На ортопедија и траума работат 2 од 6 операциони сали
-
Фондот нема доволно пари за пензии, дупката ја полни државата
-
Преглед на вестите од светот