-->
-->
МЗТ Скопје на гости кај Уникаха во 1.коло од Еврокупот
-->
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје претстојната сезона ќе игра во Еврокупот.
Откако екипите од Италија го откажаа своето учество во второто по ранг европско клупско натпреварување, МЗТ Скопје доби покана, која и официјално ја прифати, претстојната сезона да настапува во Европкупот.
Информацијата е потврдена и на официјалната страна на Еврокупот. МЗТ ќе игра во групата Ц против екипите на: Уникаха Малага, Баерн Минхен, Мурсија, Зенит Санкт Петербург и Будуќност од Подгорица.
Македонскиот шампион во 1.коло гостува во Шпанија кај силната екипа на Уникаха во Малага. Сезоната во Еврокупот ќе започне на 12 октомври, а 24-те екипи поделени во четири групи ќе одиграат 10 коло, по што четирите првопласирани од секога група ќе се пласираат во Топ 16 фазата.
Воедно МЗТ Скопје паралелното ќе учество во АБА лигата како што тоа беше случај и пред две сезони.
Распоред на натпревари на МЗТ Скопје А. во Ц групата на Еврокупот:
Уникаха Малага – МЗТ Скопје А. 12 октомври 2016
МЗТ Скопје А. – Зенит Ст. Петербург 19 октомври 2016
МЗТ Скопје А. – Будуќност 26 октомври 2016
Баерн Минхен – МЗТ копје А. 02 ноември 2016
МЗТ Скопје А. – Мурсија 09 ноември 2016
МЗТ Скопје А. – Уникаха Малага 16 ноември 2016
Зенит Ст. Петербург – МЗТ Скопје А. 23 ноември 2016
Будуќност – МЗТ Скопје А. 30 ноември 2016
МЗТ Скопје А. – Баерн Минхен 07 декември 2016
Мурсија – МЗТ Скопје А. 14 декември 2016
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР
-
Од среда побилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни
-
Штип: Излетаа два автомобили - Повредени четири лица
-
Еврокомесарот Бретон поднесе оставка
-
Игор Стефановски – Иџе победи во својата група на Европскиот шампионат во ридски патеки
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца