-->
-->
МЗТ Скопје домаќин на Тајфин во меч за опстанок во АБА лигата
-->
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва против Тајфун го игра можеби решавачкиот натпревар за опстанок во регионалната кошаркарска АБА лига.
Аеродромци кој со учинок од 9 победи и 15 порази ја предводат групата од четири тима од од деветото до дванаесетото место на табелата, имаа само една победа повеќе од претпоследно пласираната Сутјеска, односно две од екипата на Тајфун.
Победа во вечерашниот дуел против Тајфун и дефинитивно ќе му обезбеди опстанок на МЗТ Скопје во АБА конкуренцијата. За остварување на целта од клубот ги повикуваат сите љубители на кошарката да дојдат во СЦ „Јане Сандански’’ и да им дадат поддршка на играчите. Влезот ќе биде слободен, а натпреварот ќе започне од 20 часот.
Овој дуел ќе биде и првиот од претпоследното 25.коло во АБА лигата. Во останатите натпревари од оваа рунда ќе играат:
Сабота
17:00 Металац - Унион Олимпија
19:00 Крка - Мега Лекс
21:00 Сутјеска – Будуќност
Недела
17:00 Игокеа – Задар
Понеделник
18:00 Цибона - Црвена Звезда
20:00 Партизан – Цедевита
Табела: Будуќност 22-2 (победи-порази), Ц.Звезда 18-6, Цедевита 18-6, Мега Лекс 16-8, Партизан 11-13, Цибона 11-13, Задар 11-13, У. Олимпија 10-14, МЗТ Скопје 9-15, Игокеа 9-15, Крка 9-15, Металац 9-15, Сутјеска 8-16, Тајфун 7-17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании