-->
-->
МЗТ Скопје А. домаќин на Ловќен во дуел од АБА 2 лигата
-->

Во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот вице-првак МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на црногорскиот претставник Ловќен од Цетиње во дуел од 4.коло на АБА 2 лигата.
По несреќниот пораз во минатото коло, кога сино белите загубија на гостувањето во Словенија кај Приморска и тоа по продолжение, избраниците на тренерот Кочов веруваат дека денеска ќе остварат нова победа, трета во АБА 2 конкуренцијата.
„Станува збор за екипа која никако не смееме никако да ја потцениме. Очекувам од моите играчи влезат со максимален пристап во натпреварот и да продолжат да го даваат тоа што од нив се очекува. Исто така, помошта од публиката е секогаш од големо значење за наната екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат да нè бодрат, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање“, вели тренерот на аеродромци Ѓорѓи Кочов.
Со него се огласува и младиот Андреј Маслинко кој верува дека предноста на домашниот терен мора да биде искористена.
„Ова е натпревар во кој едноставно мора да победиме. Несреќниот пораз против Приморска е веќе зад нас и сите сме насочени кон пресметката со Ловќен, која е идеална шанса да се вратиме на победничката патека. Ниту еден противник во АБА2 не е наивен и сигурно нема да го потцениме гостинот од Црна Гора. Но, ако одиграме како што знаеме, пред сè на ниво на претходните две средби на домашен терен, тогаш мислам дека ќе немаме проблем да дојдеме до посакуваната цел“ изјави Маслинко.
Натпреварот, МЗТ Скопје Аеродром – Ловќен започнува од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
