-->
-->
МЗТ Скопје Аеродром домаќин на Работнички
-->

Две големи дерби средби ќе го одбележат редовното 24.коло во Првата македонска кошаркарска лига.
Во СЦ „Јане Сандански“ вечер од 19 часот е дуелот на вечните ривали, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Тренерот на Работнички, Марин Докузовски има проблем со повредата на окото на најдобриот кошаркар искусниот центар Ѓорѓи Чековски. МЗТ Скопје е фаворит во вечното дерби, но претходниот дуел покажа дека на вакви дуели не секогаш одлучуваат квалитетите на тимот.
Второто дерби е директната пресметка за втората позиција на табелата меѓу Куманово и Карпош Соколи која се игра утре од 19 часот во салата во Куманово.
Во другите две средби од оваа рунда, вечерва во Гевгелија последно пласираниот Бест го пречекува фаворитот Фени Индустри, а утревечер Струмица му гостува на Кожув.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 21-2 (победи-порази), Карпош Соколи 17-6, Фени Индустри 15-8, Куманово 15-8, Работнички 10-13, Кожув 10-13, Струмица со 4-19, Бест 0-23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
