МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите исплатени се 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.
Висината на директните плаќања, како што велат од МЗШВ, се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара