МЗШВ: Реализирана првата авансна исплата на субвенциите, исплатени 123,2 милиони денари кон 9.563 овоштари
Даденото ветување пред земјоделците за авансна исплата на субвенциите го исполнивме. Реализирана е првата авансна исплата во висина од 123,2 милиони денари и веќе деновиве 9.563 овоштари на своите сметки ќе ја добијат првата авансно исплатена субвенција во висина од 12.000 денари по хектар, информираат попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата за финансиската поддршка од мерката 1.7 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки овошни насади. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат сите земјоделски стопанства што имаат минумум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во ЕРЗС, се наведува во соопштението.
Како што се додава во соопштението, авансната исплата на субвенциите е „нова мерка која за првпат ја имплементираме оваа година, преку 30% авансна исплата на субвенциите за овоштарите“.
– Веќе од следната 2023 година, авансната исплата продолжува кон сите земјоделци. На овој начин овозможуваме навремена и побрза финансиска поддршка за земјоделците, нагласуваат од Министерството.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила