МЗШВ: Откупот на тутунот се одвива непречено
Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, што е досега највисока просечна цена. Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од реколтата 2019-та вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018 година.
-По завршувањето на откупот и штом завршат сите административни процедури околу контролите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе започне со исплата на субвенциите за производителите на тутун. За реколтата 2018-та се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот. Со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи, се вели во денешното соопштение од МЗШВ.
Од оваа 2020 година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, ќе се укинат евидентните листови, со што, како што посочуваат од Министерството, драстично ќе се олеснат административните процедури за тутунопроизводителите.
Ново на Сител
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет