МЗШВ: Исплатени 211,6 милиони денари за продадено или складирано производство на пченица
Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за мерката за финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Исплатени се вкупно 2116,6 милиони денари кон 3.397 земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС. Максималната количина на пченица која е прифалтива за остварување на финасиската поддршка од мерката е 5.000 килограми по пријавен хектар, а висината на поддршката изнесува три денари по килограм.
Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за мерката 1.1 од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, вклучително и за сопствените преработувачки капацитети, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Ваквата мерка министерството ја креираше за поддршка на производителите на пченица по разговорите со производителите и откупувачите на пченица, со цел поддршка во покривањето на производните трошоци кои ги имаа производителите на пченица.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина