МЖСПП: Стапуваат во сила мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица
На мерно место во Струмица е надминат прагот на алармирање за концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10), соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
-За градот Струмица стапуваат во сила препораки и мерки согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28 ноември 2017 година, соопшти МЖСПП.
Во два последователни дена среднодневните концентрации се над вредноста од 150 mg/m3, односно на 5 февруари се измерени 165,83 mg/m3, а вчера 155.00 mg/m3.
Надмината е вредноста 150 mg/m3 согласно со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање и согласно добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец