МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
На повик на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржал координативен состанок со претставници на институциите што имаат обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 - 2025“.
- Со оглед дека постојат реални услови за појава на епизоди на високи концентрации на загадувачки суптанции во воздухот, координативниот состанок, кој го водеше заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска и предсетателката на Работната група за чист воздух на МЖСПП, Беса Татеши имаше за цел да ги мобилизира и поттикне засегнатитe страни во подоследно исполнување на обврските, соопштија од МЖСПП.
Присутните размениле искуства, но и проблемите со кои се соочуваат при реализација на мерките и искажале подготвеност за мобилизирање на сите расположиви ресурси за ублажување и надминување на состојбите што се жежок еколошки проблем не само кај нас, туку и на глобално ниво.
Од страна на МЖСПП е побарано институциите што немаат доставено извештаи за реализирани активности да ги достават, како за да имаат увид во степенот на реализација и ефектите од предвидените марки. Исто така, МЖСПП им понудило помош на оние општини што немаат изработено или изработуваат локални планови со краткорочни мерки за воздух, со оглед што е од исклучителна важност општините на локално ниво да бидат подготвени во услови на надминување на граничните вредности веднаш да ги применат соодветните мерки.
На состанокот покрај институциите опфатени со согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 - 2025“, присуствувале и Висар Ганиу, потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Чаир и Душица Перишиќ извршна директорка на ЗЕЛС, со цел полесна координацијата со локалните самоуправи, како и претставници на Институтот за јавно здравје за следење на влијанието врз здравјто на луѓето.
На состанокот се разгледувале и долгорочните мерките на кои во моментот се работи и во кои во наредниот период државата ќе вложува.
Ново на Сител
-
Кривична за двајца струмичани, едниот возел украден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста
-
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје
-
Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија
-
Промена на времето: Доаѓаат дождови и пад на температурите
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево