-->
-->
МЗ: За еден месец повеќе од 1.820 прегледи и контроли во мобилната амбуланта на Клиниката за пулмологија
-->

Во новиот објект се наоѓаат четири ординации, две амбуланти за пациенти преку МојТермин, една за прием на интервентни пациенти и приоритетни упати, и една за контролни прегледи. Две простории – дневни болници се наменети за сместување амбулантски пациенти, како и кабинетите за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања, за ЕКГ, две посебни чекални и други помошни простории.
- На овој начин пациентите коишто имаат проблеми со белите дробови ги одделуваме од сите други пациенти во останатите амбуланти, кои претходно сите беа на едно место, и со тоа го намалуваме ризикот од трансфер на коронавирусот на пациентите кои доаѓаат овде во Клиничкиот центар и за друга симптоматологија, посочува д-р Докиќ.
Во новиот објект во целост се почитуваат сите мерки за заштита на пациентите, на влез се мери температура, секој добива електронско бројче во чекалната, а посебно назначени лица ги насочуваат пациентите внатре во амбулантите. Во посебни простории се изведуваат различни дијагностички и амбулантски процедури, што создава можност за помала концентрација на пациенти на едно место и запазување на мерките и протоколите, кои го спречуваат ширењето на коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО