МЗ: Вчера се аплицирани 13.137 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 533.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.990 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а ревакцинирани се 425.356 граѓани.
Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон