МЗ: Вчера се аплицирани 10.179 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 528.117 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 944.731 дози вакцини, а ревакцинирани се 416.614 граѓани.
Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани