МЗ: Работиме на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост

Министерството за здравство информира дека интензивно се работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година.
Согласно регулативата на Министерството, определено е дека објектот за вршење здравствена дејност треба да обезбеди хоризонтална и вертикална комуникација за движење на инвалидски колички, како и соодветни критериуми во однос на широчината и височината на различните отвори (врати, прозорци и лифтови), и со конкретни акти ги задолжи јавните здравствени установи да формират стручни тела за функционална проценка на лицата со попреченост.
-Согласно член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување утврдено во член 32 од овој закон се ослободуваат од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита осигурените лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита, соопштија од Министерството.
Оттаму посочуваат дека министерот за здравство има формирано првостепени и второстепени комисии за издавање на конзилијарно мислење со наод за остварување на паричен надоместок за потполно глуво лице со попреченост, за лице со најтешка телесна попреченост, за потполно слепо лице со попреченост, за лице со тешка или длабока интелектуална попреченост, за потребата од помош и нега од друго лице.
Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година се работи во соработка со Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, МКФ службата и останати релевантни институции.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
