МЗ: Набавени 28 илјади четиривалентни вакцини за сезонски грип

Министерството за здравство набави 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година. Како што информираат оттаму, станува збор за четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови инфлуенца.
- Годинава, за првпат се набавуваат вакцини против сезонски грип кои се бесплатни за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија, соопштија од Министерството за здравство.
За оваа набавка, Министерството испланира 13,33 милиони денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 8,66 милиони денари.
- Со тоа, при набавката на вакцините постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди околу 75 илјади евра, се наведува во соопштението.
Вакцината е препорачана од Светска здравствена организација и Европската медицинска агенција. Четиривалентната вакцина е производство на Француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата постари од 65 години, особено хронично болните, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет.
Вакцинацијата ќе се одвива во Центрите за јавно здравје низ државата.
Количините ќе бидат распределени според потребите на населението.
Вакцинирањето се одвива според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за северната хемисфера за сезона 2018/19 година, како и препораките на Европската медицинска агенција.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
