МЗ: МРП вакцините се со валиден рок на траење
Министерството за здравство соопшти дека МРП вакцините со кои се вакцинираат децата не се со поминат рок на трање.
МРП вакцините Priorix со кои се вакцинираат децата во Скопје и во другите градови од земјава се набавени со тендерот распишан 21.10.2016 година, со склучени договори на 21.03.2017 година. Вакцините кои се во употреба се Priorix, се со сериски број АМЈРД512АА, со рок на траење до 07.2019 година и сериски број A69CE583A, со рок на траење 05.2019 година, стои во соопштението.
Од Министерството информираат дека во тек е континуирана набавка на вакцини, за имунизација на населението во Република Македонија за период од јули 2018 до јуни 2020 година. Станува збор за повеќегодишна јавна набавка, која Министерството за здравство ја реализира секои две години, а техничкиот дијалог е објавен на 27.10.2018
Ново на Сител
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
-
Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
-
Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот