МЗ: Македонија со највисок напредок во регионот по број на граѓани вакцинирани со барем една доза
Република Северна Македонија е лидер во регионот по бројот на граѓани кои се вакцинирани со барем една доза од вакцината во изминатиот месец и половина. Според последните податоци, во периодот од 5-ти јули до 24-ти август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението.
Во истиот период, веднаш по Северна Македонија се наоѓаат Косово, со 10,64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Црна Гора со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто.
Најмал напредок во регионот забележан од 5-ти до 24-ти август има во Србија, односно 2,49 отсто, и Бугарија со само 1,66 отсто зголемен процент на вакцинација.
Зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје.
Ново на Сител
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?