МЗ: Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани

Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте.
Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје.
Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи, информира МЗ.
Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост.
МИА
Ново на Сител
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
-

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
-

Трката за наследник на Трамп во 2028 година се вжештува, а еден републиканец има огромна предност
-

Панел-дискусија во Тетово во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“
-

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД
-

Речиси милион евакуирани на Филипините поради супертјфунот „Фунуон“
