MyIute – нова мобилна апликација за брзо и лесно аплицирање за кредит

Следејќи ги најновите светски трендови за дигитализација на личните финансии, ИутеКредит Македонија ја лансираше мобилната апликација MyIute која обезбедува врвно корисничко искуство и достапност до финансии 24/7.
Со ова го олеснуваме начинот на аплицирање за кредит бидејќи сега имаме целосно дигитално решение кое овозможува најбрзо да дојдете до потребните финансиски средства со само неколку кликови од вашиот телефон.
Отсега преку MyIute корисниците ќе можат брзо и лесно да аплицираат за кредит, да ги прикачат сите потребни документи онлајн и во истиот момент да ги добијат парите на својата сметка.
Сето тоа може да се направи онлајн и од каде било – без никакви процедури и потреба од физичко присуство, туку директно од мобилен телефон!
А покрај можноста да се дојде до потребните финансиски средства веднаш, MyIute на корисниците им овозможува во секое време да го следат статусот на нивниот кредит, да платат рата од удобноста на својот дом, да добиваат персонализирани понуди од ИутеКредит и партнерите во партнерската мрежа и многу други одлични поволности и бенефити.
Апликацијата е достапна за сите и истата може да ја пронајдете на Google Play и App Store на овој линк.
ИутеКредит Македонија е првата небанкарска институција во Македонија и регионот која лансираше мобилна апликација за целосна дигитализација на своите услуги.
Ново на Сител
-

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала
-

СП 2026: Хрватска ја победи Гана и го освои второто место во Л-групата
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија
-

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“
-

Трамп: Американски авиони нападнаа складишта за ракети и беспилотни летала и радарски станици во Иран
-

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430
-

Одбележување на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
