МВР: Внимавајте телефонските измами се сѐ почести, не споделувајте лични податоци
Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.
Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.
- Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки како што се:
1. VoIP Услуги: Услугите за глас преку интернет протокол (VoIP) овозможуваат корисниците да вршат повици преку интернет. Многу провајдери на VoIP нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви.
2. Апликација за лажирање: Софтвер и апликации, како “SpoofCard” или слични алатки, овозможуваат корисниците да го изменат Caller ID што се прикажува. Овие алатки се често промовирани за приватни или деловни цели, но може да бидат злоупотребени.
3. PBX Системи (Приватни Разменувачки Мрежи): Бизнисите користат PBX системи за управување со дојдовни и излезни повици. Овие системи можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат Caller ID за професионални цели.
4. SIM Замена: Се однесува на измамнички техники каде што напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на друга SIM картичка за да пресретнат повици и пораки, наведуваат од МВР.
Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните да бидат претпазливи при примање на телефонски повици од непознати броеви или од броеви кои се претставуваат како доверливи институции, никогаш да не споделуваа лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон, а доколку се сомневаат дека се жртва на ваква измама, веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.
Ново на Сител
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација