МВР: Успешно заврши операцијата „Балкан“ за трговија со дрога
Полициите од Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција водеа паралелни истраги во рамки на операцијата за трговија со дрога „Балкан“ започната во 2015 година од Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал.
Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека операцијата завршила успешно и дека истрагата резултирала со апсење на 28 лица, меѓу кои и петмина организатори и издавање налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Биле запленети приближно 27 килограми хероин, 2 килограма кокаин и речиси 184 килограми марихуана, како и повеќе од 38.000 евра, 1,5 милиони албански леки и четири оружја.
- Се очекуваат натамошни резултати од оваа заедничка истрага, стои во соопштението.
Истрагите биле насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги како хероин, кокаин и марихуана. Хероинот е набавуван од Турција и транспортиран до Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Албанија и транспортирана во Македонија, Грција и Турција.
- Паралелни истраги беа водени во Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во овие земји се одвивале во реално време преку канал на Селек, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори