Македонија
31. October 2017 - 16:14

МВР тврди дека има доволно обрасци за изработка на патни исправи до средината на идната година

Нема проблем во набавката на обрасци за патни исправи тврдат од министерството за внатрешни работи. Во магацините на МВР заклучно со 29.09 годинава имало 54,920 обрасци. Од нив поиголем дел или 37,520 се од тип Б односно македонско албански, додека од Тип А има 17.400. Службата бза односи со јавноста информиура дека овие обрасци се доволни да ги задоволат потребите за ртабота до јуни идната година.

Од МВР велат дека зголемен обем на работа вообичаено имаат во текот на летниот период од годината кога во земјава се враќаат иселениците коиу редовно ги менуваат пшатните исправи.

Граѓаните може да регираат на продолжениот период на изработка во месеците кога има поголем број на поднесени барања, но досега не се случило магацините да останат празни и да престанат со работа машините за иработка на личните документи.

Оние кои денеска во управнитре служби на МВР ги поднмесуваа потребните документи со различни искуства. Некои добиле информација, некој останале без одговор кога ќе им биде готов личниот документ

Во магацините на МВР има доволен број на обрасцио и за изработка на лични карти и возачки дозволи велат од министерството. По отворањето на канцеларии на управните служби во поголемиот број општини намален е и периодот потребен за завршување на потребната постапка пред издавање нба документот посочуваат од министерството за внатрешни работи.