МВР: Српскиот автобус бил каменуван, но не бил ограбен
Автобус на српски туристички авто превозник утрово бил каменуван сред Скопје, објавија српските медиуми.
МВР објави детали и демантираше дека туристите во автобусот биле ограбени.
„На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“. Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани