Македонија
12. September 2020 - 11:22

МВР со детали за удавеното момче во водите на Брегалница

Вчера во 16 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил, информираат од МВР.

На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт.

По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.