Македонија
16. March 2021 - 16:33

МВР со детали за трагедијата во Гостивар, семејството вели детето било врзано затоа што било агресивно

Во пожар денеска загина дете, а неговата мајка била повредена и пренесена во болница.

-Денеска околу 08.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар настанал пожар. Како последица на пожарот, со повреди се здобиле 35-годишната С.Т. и нејзино малолетно дете и биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Лекарите констатирале смрт на детето, додека С.Т. била пуштена дома.

Со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно локализиран. Јавен обвинител и екипи од МВР и СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ќе вршат увид на местото на пожарот, а по наредба на Јавен обвинител на телото на малолетникот ќе се врши обдукција.

Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална Кривична одговорност.