-->
-->
МВР со детали за сообраќајката кај Ласкарци во која загина 53-годишен маж
-->

Министерството за внатрешни работи објави детали за тешката сообраќајка која вчеравечер се случи во близина на Ласкарци.
„На 23.10.2021 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на с.Ласкарци, општина Сарај, патничко возило „јагуар" со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране, гостиварско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране.
Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
