МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол

Во координирана акција на полицијата во изминатите 24 часа, шест возачи низ државата завршиле во полициска станица поради сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, предизвикување незгоди и напад врз полициски службеници.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Скопје се приведени двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Кај едниот, кој управувал мопед, биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, додека другиот, исто така со 1,85 промили, управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во метална ограда.
Во Дебар, пак, е лишен од слобода возач кај кого биле измерени дури 2,75 промили алкохол. Тој предизвикал сообраќајна незгода, а притоа и физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Полицијата интервенирала и во други градови. Во Крушево бил затекнат возач кој управувал возило без возачка дозвола, додека во Македонска Каменица е утврдено дека лице управувало патничко возило и покрај активна забрана за управување.
Дополнително, во Скопје е приведен уште еден возач кој управувал нерегистрирано возило без да поседува возачка дозвола.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно упатуваат апел до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, нагласувајќи дека управувањето под дејство на алкохол или без дозвола сериозно ја загрозува безбедноста во сообраќајот и може да има тешки последици по животот и здравјето на сите учесници.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
