Македонија
19. July 2020 - 11:16

МВР санкционираше 7 моторџии кои возеле непрописно

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18/19.07.2020 во времето од 19:00 до 01:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 7 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци.